ВИДЕО: Танцот кој го воодушеви светот
Оваа талентирана двојка танцува на песната „Slip“ од Елиот Мос. Танцот кој се случува во подземната железница го „запали“ светот.
Ако ви е потребен потсетник дека сте живи, дека дишете и дека сте способни да чувствувате емоции, танчарите Филип Чбиб и Рене Кестер ќе ви помогнат во тоа. Парот стекна голема популарност преку социјалните мрежи со својата моќ прекрасно да ги отсликуваат емоциите низ движењата и тоа во невообичаен амбиент, во подземна железница.
- Сите ќе ви кажат дека е тешко да ја заборавиш болката и тоа е точно. Од мали не учат да ги прифаќаме најдобрите искуства, а да ги заборавиме лошите. Но што се случува кога најубавите сеќавања од минатото прават големи штети на иднината? – вели Рене, танчарката од снимката.
Почувствувајте ги и вие силните емоции од видеото:
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа