А што ако беше бомба - на специјалците им требаа три часа да дојдат до сомнителниот куфер

Поедини австриски медиуми се прашуваат зошто експертите за експлозив не дошле со хеликоптер кога било најавено за сомнежот за бомба, туку од Тирол повеќе од три часа патувале со автомобил.

Делот од Клагенфурт вчера бил блокиран поради сомнителниот куфер во подземната гаража на новиот пазар, а полицијата го блокирала овој дел од градот во очекување дека специјалните единиц за разминирање, затоа што се сомневале дека внатре има бомба.

Портпаролот на полицијата Рајнер Дионисио изјавил дека куферо таму бил од 8 часот и дека во него специјалната екипа за експлозив дошла по три часа. По неколку часа, утврдиле дека не станува збор за бомба.

„Во куферот биле гардероба, и лични работи кои таму ги ставил еден човек со шешир“, изјавил Дионисио. Полицијата трага по сопственикот на куферот.

 

Инаку поедини австриски медиуми се прашуваат зошто толку се чекало на интервенција на специјалците и зошто експертите за експлозив не, како што било најавено, стигнале со хеликоптер туку три часа патувале соа авион.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега