ВИДЕО: Египет на нозе - најмасовните протести во историјата зедоа 18 жртви

Големио број на луѓе кои што во текот на ноќта излегоа на демонстранции низ улиците на Египет побараа од претседателот Мохамед Морси да се повлече од претседателската функција. Демонстрантите предводени од младинското движење „Бунт“ му дадоа ултиматум на Морси до рок до 17 часот да го напушти претседателското место и на државните структури да им овозможи да организираат предвремени избори. 

 Како што пренесуваат светските медиуми насобраниот народ се судрил со полицијата но и со поддржувачите на Морси кој на претседателското место се наоѓа една година. Во судирите кои што се случија за време на викендот загинаа 11 лица, додека во синоќешните немири бројката се зголеми за уште седумина. Над 250 се повредени. 

Покрај полицијата доколку дојде до ескалирање на ситуацијата ќе интервенира и војската. 

 

 

 

најчитано сега