Утре итен состанок на еврорупата за Грција

Еврогрупата утре ќе одржи вонреден состанок посветен на Грција, беше објавено по синоќешниот самит на лидерите од еврозоната во Брисел.

Претходно, Еврогрупата соопшти дека ги поздравува новите предлози кои ги поднесе грчката Влада, истакнувајќи дека тоа претставува позитивен чекор во преговорите.

„Еврогрупата побара од институциите (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) да го анализираат новиот предлог и заедно со грчките власти да изготват листа на приоритетни дејствија, со цел до крајот на неделава да се постигне конечен договор за планот за реформи“, се вели во соопштението. 

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега