Деветнаесет пожарникари загинаа во пожар во Аризона

Деветнаесет лица сите пожарникари од засега неразјаснети околности загинаа за време додека го гаселе огромниот пожар кој што го зафати градот Феникс во Аризона. Надлежните служби некаде на полноќ го загубиле контактот со лицата, по што истите биле прогласени за настрадани. Од пожарот со потешки изореници се здобија уште 20 пожарникари кои веднаш беа префрлени во болница. Ширењето на пожарот во тој дел е со забрзано темпо поради постојаните ветрови кои што непрекинато се засилуваат од ден на ден. Ваквата трагедија претставува втора најголема во САД по нападите на кулите близначки на 11 септември 2001 година.