Огнена престрелка на Срби во Виена - напаѓачот пукал во братот

Австриската полиција соопшти дека е во потрага по еден Србин кој во неделата во Виена од кола пукаше на својот брат. Таткото (44) и синот (26) шетаа по улиците низ градот кога на нив од сребрен мерцедес, совозачот испалил неколку куршуми.

И двајцата почнале да бегаат, а автомобилот ги следел цело време и пукањата од него продолжиле, пренесуваат австриските медиуми. Пет пати, мажот, за кој 44 годишниот Србин изјавил дека се работи за неговиот брат, пукал на него.

Портпаролот на виенската полиција Паул Ајденбергер пренел дека во пукањето е користен пиштол со калибар 9 милиметри, и дека еден куршум ја погодил жртвата во нога и нанел тешка повреда. „Осомничениот успеал да избега, а по него се трага“, вели тој.

Полицијата известувањето за пукањето го добил од сведок на оваа потера со коли низ улицата на Виена. Мотивот за оваа, целосна филмска пресметка, не е познат, затоа што жртвата најпрво говорила за вербална расправа, но потоа ја повлекла изјавата, пренесуваат медиумите.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега