Капачите безбедни - нема скутери и чамци во езерата во Македонија

Денеска стартува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Забраната за движење на скутери од денеска до 31 август е во периодот од 11 до 19 часот, додека чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски вели дека ограничувањата за пловидба на скутерите се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.

- Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води, појасни Устијаноски.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски најави засилени контроли на охридската полиција во соработка со Капетанијата и Езерската полиција по водите на Охридското Езеро. За поголема безбедност на Охрисдското и Струшкото крајбрежје, тој посочи дека ќе има постојани контроли на копно, покрај плажите, но и цивилни полицајци ќе патролираат низ Езерото.

- Езерската полиција изминатата недела направи мониторинг на состојбите долж Охридското крајбрежје и не се забележани прекршоци. Со стапување на сила на одлуката ќе продолжат интензивните контроли од Езерска полиција на вода, но и на копно, нагласи Димоски.

За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра. 

најчитано сега