Катастрофален пожар ја пустоши Аризона - 25 пожарникари го загубија животот

 Најмалку 25 пожарникари загинаа при гаснење на голем шумски пожар во американската сојузна држава Аризона, јави телевизијата „Фокс 10“.

Ова претставува најголем број жртви во редовите на американската противпожарна служба од нападите на 11 септември 2001 година.

Пожарот избувна во петокот во близина на градот Јурнел, најверојатно како последица на невнимание, по што набрзо се прошири на голема површина.

Поради пожарот во текот на викендот беа евакуирани околу 600 локални жители, кои се сместени во времени прифатни центри.

Огнената стихија, според американските медиуми, во текот на вчерашниот ден попримила катастрофални размери, како последица на силниот ветер и високите температури, кои го отежнуваат гаснењето.

Во акцијата за гаснење на пожарот се вклучени околу 200 пожарникари. 

најчитано сега