Секој ден има по 8 Македонци помалку и 13 Албанци повеќе

Поразителни демографски податоци објавува весникот Дневник во утрешниот број. Според официјалната статистика на Државниот завод за статистика, дневниот весник пресметал дека секој ден во Македонија има по 8 Македонци помалку од претходниот. Наспроти ова, расте бројот на населението од албанско етничко потекло. Секој ден, бројот на Албанците расте за 13 лица.
Според анализата на Дневник, лани умреле 14823 Македонци наспроти 11995 новородени деца од македонска националност, што значи дека бројот на мнозинскиот народ во земјава се намалил за 2828 лица.
Наспроти овие податоци, лани се родиле 8035 Албанци а починале 3416 што значи дека нивниот број се зголемил за 4619 лица.
Целата анализа прочитајте ја во Дневник

најчитано сега