Позната пејачка нападната сред бел ден: Ме фати за врат и ми стави нож!

Пејачката Јована Типшин се шетала низ шумичката блиску до нејзината куќа, опкружена со момчиња и девојки кои џогирале. Настанот се случил околу еден часот попладне.

- Приметив две сомнителни момчиња и почнав да бегам, но касно изреагирав. Едниот ме фати за врат и му рече на другиот „дај ножот“. Јас молчев и им дозволив да го земат ланчето, раскажа преплашената Јована.

Таа случајот го пријавила во полиција, па другиот ден ја повикале да го препознае едниот од напаѓачите.

- Имам одлична моќ на забележување, и тетоважите им ги запаметив. Полицијата одлично изреагира, во рок од три минути ја опколија целата шума, изјави пејачката и упати апел до сите жени да внимаваат ако се шетаат низ оваа шума.

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега