Паника во Грција - граѓаните ги вадат парите од банките

Грчките вложувачи повлекле вчера над една милијарда евра од банките само во рамки на еден ден, изјавија тројца високи банкарски службеници, истакнувајќи дека темпото на повлекување пари од банките се забрзало, откако преговорите меѓу грчката Влада и кредиторите не успеаја, пишува весникот „Катимерини“.

За периодот меѓу понеделник и четврток, од депозитите биле повлечени околу три милијарди евра, што претставува околу 2,2 проценти од вкупниот обем на лични и корпоративни депозити, вложени во грчки банки, според податоци од крајот на април.

- Нема редици или паника, повлекувањето се врши мирно и постепено, изјави еден од банкарите. „Тоа се должи на загриженоста дали Владата ќе постигне договор со кредиторите на земјата“, вели тој.

Централната банка одби да коментира, наведува „Катимерини

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега