Од понеделник грчките банки под клуч?

Европската централна банка не е сигурна дека в понеделник нема да биде побарано грчките банки да останат затворени, објави Тајмс.

Грчките финансиски институции може да бидат принудени да посегнат по таква мерка по неуспешните средби на еврогрупата вчера и повлекувањето големи суми пари од грчките штедачи, наведува весникот.

Тоа го најавил за време на преговорите зад затворени врати претставник на ЕЦБ.

- На туристите кои се упатуваат кон Грција им се препорачува со себе да имаат пари во случај на вонредна ситуација во врска со банките во таа држава, наведува Тајмс

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега