Заев на 15-от Конгрес на СДСМ: Не се согласуваме со Македонија во која денес живееме

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржува 15-от Конгрес на партијата, на кој треба да биде донесен нов статут на партијата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето истакна дека  целта на овој Конгрес е заокружување на постулатите на политичкото делување, поставеноста и структуираноста на партијата во години што доаѓаат пред нас.

- Еве денес и формално, статутарно, ја зацврстуваме и зајакнуваме партијата, но истовремено ја отвораме СДСМ за граѓаните од сите општествени слоеви, од сите етнички заедници, од сите возврасти со еднакви можности. Денес од овој 15-ти конгрес на СДСМ јавно декларираме и обзнануваме дека не се согласуваме со ваква Македонија во која денес живееме, рече Заев.

Лидерот на СДСМ ги повика сите кои се согласуваат со нивните ставови да им се приклучат за да ги менуваат работите. - Заедно да покажеме и докажеме дека во Македонија може поинаку, може подобро, може поспокојно да се живее, рече Заев.

најчитано сега