Само прашање на време е кога ИД ќе удри на Балканот
Иако експертите од регионот даваат различни одговори на прашањата колку е реална заканата за Исламската држава да удри на Балканот, едно е сигурно – во нашиот регион џихадистите пронаоѓаат релативно голем број на регрути.
Последните сто години, балканската историја не е ништо друго до хронологија на угнетување на муслиманите, во заговорот учествуваат сите, од комунисти, преку „крстачи“ до Евреи, па затоа е најлогично сите да бидат убиени – тоа „Исламската држава“ (ИС) им го порача во пропагандното видео на почетокот на јуни.
На снимката чија продукција потсетува на нешто меѓу епска фантастика и квалитетен документарец, се појавуваат низа на млади и стати брадосани мажи, кој на босански и албански ги советуваат своите „браќа“ на Балканот да ги напаѓаат и убиваат луѓето во своите околини.
Сараевскиот експерт за тероризам Владо Азиновиќ, ги критикува пред се медиумите во регионот кои пропагандната снимка направија вистински спекаткл. „Целосно маргиналци, кои не претставуваат на никого и никогаш не биле пред камера, сега оддеднаш се чувствуваат важни на некого да му се заканат иако таа закана нема никаква основа.
Но самототоа тоа што балканските медиуми на таа приказна, ја рециклираа, им овозможија на тие криминалци преку телевизијата да влезат во нашите домови – со тоа и послужија на нивната цел. Затоа што тие со тоа видео всушност ги закачија медимите“вели Азиновиќ.
Доцентот на белградскиот Факултет за политички науки Филип Ејдус смета дека во овој момент не може да се зборува за некакви цели на ИД на Балканот, но дека заканите треба да се сфатат мошне сериозно.
„Иако се работи за едно пропагандно видео, би била колосална грешка да се верува дека заканата не е реална. Се плашам дека само прашање на време е кога оваа организација ќе почне со нападите во Европа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа