Хрватска слави за влегувањето во ЕУ

 

Во Хрватска денеска ќе се одржат свечени прослави по повод утрешното приклучување на земјата во ЕУ.

На прославата ќе присуствуваат претставници на 27-те земји членки на Унијата и нејзиното раководство.

На централниот плоштад во Загреб свои обраќања пред граѓаните ќе имаат претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, претседателот на Европарламентот Мартин Шулц и претседателот на ЕК Жозе Баросо.

- Првиот ден од јули ќе им отвори на хрватските граѓани нови перспективи и можности. Сега веќе успесите ќе зависат од нас самите, истакна вчера во Парламентот премиерот Зоран Милановиќ, нагласувајќи дека патот на Хрватска до ЕУ бил долг и тежок.

Прославата ќе заврши на полноќ со огномет во целата земја.

Хрватска поднесе барање за членство во ЕУ во 2003 година, а официјален статус на кандидат доби во 2004 година. Преговорите за членство ги започна во октомври 2005 година, а завршија во 2011 година со потпишување на договорот со Брисел. Ратификацијата на овој договор од страна на 27-те земји членки заврши во март оваа година.

ФОТО: Лидер.мк

најчитано сега