Ограничување за пловидба на скутери и чамци по езерата низ Македонија

Од  утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери од 1 јули до 31 август е во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранскотот Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Ограничувањата за пловидба на скутерите, според првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.

- Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води, појасни Устијаноски.

- Езерската полиција изминатата недела направи мониторинг на состојбите долж Охридското крајбрежје и не се забележани прекршоци. Со стапување на сила на одлуката ќе продолжат интензивните контроли од Езерска полиција на вода, но и на копно, нагласи Димоски, потпаролот на СВР Охрид.

За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра.

најчитано сега