Министерот за одбрана: Еве како ни ја уништуваа војската

Министерот за одбрана Братислав Гашиќ изјави дека пред неговото доаѓање на таа функција, е правено се за да Војската на Србија се намали и уништи за да до 2016 година се сведе на ниво на „цивилна заштита“.

„Идејата била да касарните се напуштат, пропаднат сами од себе, и да никогаш не можеме да го вратиме редовното служење на воен рок. Распродадена е опрема која би можелада биде модернизирана, продадени се униформите кои служеле за резерва, и тоа по багателни цени...

„Затекнавме приличен хаос и корупција“... вели Гашиќ.

Тој меѓу останатото, изјави дека кога дошол на функција министер за одбрана, затекнал една приватна фирма која ја снабдувала војската со „храна од денес за утре“ па на дневна основа се можело да се разговара која ќе биде цената за одредени производи.

„Ниту една од големите српски месни компании не беше вклучена директно во оваа приказна“, вели Гашиќ и додава дека во војската машините биле поправани за цена трикратно поголема преку приватни фирми во „14 Октомври“ кои ги произведува тие машини.

„Три години по ред ни беа паднати тендерите за набавка на хангар во Батајници и само затоа што некој сметал дека со арматура може да не снабдува некои од STR од Владичиног Хан... Tаму каде и да прочепкаш во јавните набавки ќе пронајдеш нешто“, додава министерот за одбрана.

Тој обелодени дека корупцијата ја има и во сферата на военото образование, затоа што огромно е интересирањето за воена школа и Академијата.

„Уапсивме полковници кои земале по 5000 евра на едно домаќинство од Пирот, наводно за да му го запише детето, а тоа само со своите резултати успеало да се запише“, вели Гасиќ.

На прашањето дали Србија мора да влезе во НАТО, Гасиќ одговори со прашање „Кој ја тера Србија да влезе во НАТО?“.

 

„Србија има прокламирана воена неутралност донесена во Народното собрание, има свои пријатели и на исток и на Запад, и развива свои воени односи со преку 65 земји од светот во овој момент“ нагласи министерот.  

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега