Во Штип промовиран проектот „Македонија вработува“

 

Вработените од Центарот за вработување во Штип денеска пред штипјани го промовираа проектот „Македонија вработува“. На поставените два штанда граѓаните можеа да се информираат за мерките кои се дел од овој Владин проект.

Раководителот на Центарот за вработување, Лазар Димчов вели дека за неполни два месеца во Штип се вработиле 50 лица, а со мерката за вработување на млади до 29 години се вработиле 640 лица од општините Штип и Карбинци.

- Засега најмногу вработувања имаме во услужните дејности, во помалите бизниси од помал обем, бидејќи и замиот закон предвидува ослободување од придонеси од три до пет години за фирмите, кои го немаат намалено бројот на вработени, вели Димчов.

Тој додаде дека проектот „Македонија вработува“ нуди можности и за вработување на возрасните лица, а посебно е атрактивен за лицата над 50 години кои досега, според него, не гледаа никаква можност за продолжување на работниот однос.

- Голем број на лица над 50 години им фалеа по неколку години стаж. Со оваа мерка ќе можат да се вработат и да ги исполнат условите и да заминат во пензија, рече Димчов.

„Македонија вработува“ е проект кој ги опфаќа и социјално ранливите категории, кои иако примаат социјална помош, можат да се обучуваат и преквалификуваат без страв дека ќе им биде укинат месечниот паричен надоместок. 

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега