Партизан ги зема браќата Бабунски во пакет?

Браќата Давид и Доријан Бабунски, најголемите фудбалски таленти кои Македонија ги има, биле понудени на српскиот тим Партизан.

Младите фудбалери на Барселона и Реал Мадрид, нашите таленти Давид и Доријан Бабунски од страна на менаџерите биле понудени на Партизан, пишуваат дел од српските медиуми.

Двајцата во четвртокот беа дел од младата македонска репрезентација на квалификацискиот меч против Исланд, на кој доживеавме пораз од 3:0.

Српските медиуми со пофални зборови го опишуваат нивниот развој потенцирајќи дека се деца на еден од најдобрите фудбалери од овие простори Бобан Бабунски.

Засега нема конкретни информации дали сето ова ќе може да се оствари, но тамошните медиуми потенцираат дека доколку Давид и Доријан пристигнат во Белград, сигурно дека Партизан ќе добие на квалитет.

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега