Делев: Вештачката криза од СДСМ ќе влијае на странските инвестиции

Вештачки предизвиканата криза од опозицијата многу лошо влијае врз привлекувањето на странски инвестиции, истакна Христијан Делев, заменик министер за економија и дел од владиниот тим за привлекување на странски инвестиции, на денешната панел дискусија од кампот на „Чуварите на демократијата“.

-Пред 9 години Македонија беше една од најлошите држави во Европа за инвестиции, каде што впрочем и немаше никакви инвестиции од странство, сега, пред оваа криза, ние сме најповолната бизнис дестинација во Европа и пошироко. Сите реформикои ги направивме приидонесе даимаме огромен број на странски инвеститори. Само лани, Владата потпиша 25 договори за странски инвестиции и компаниите кои донесоа одлука за инвестиции почнаа веќе да ги градат фабриките. За оваа година, веќе во фаза на преговори имам еповеќе од 20 компании и не случајно бројот на невработени во Македонија се намалува.

Ние деноноќно работиме како да ги задржиме тие компании што веќе одлучиле да инвестираат или веќе градат фабрики во Македонија.

-Опозицијата на чело со Зоран Заев се до тој степен расипани да им имаат пратено писма до сите тие компании да им кажат- чекајте, не инвестирајте, ние ќе дојдеме на власт, а со нас многу полесно ќе се договорите. За некој да направи такво нешто, треба воопшто да не си ја сака државата и да нема никаква самопочит.

Делев најави дека сепак Владата нема да застане тука и ќе продолжи со роудшоуата и привлекувањето на странските инвестиции.

Во продолжение погледнете го целиот говор на Делев од кампот на „Чуварите на демократијата“.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега