ВИДЕО/ФОТО: Камион налета на две комбиња - четворица мртви

Четворица мажи настрадаа а двајца се потешко повредени утрово околу четири часот кај хотелот Наис недалеку од Ниш, кога камион удри во две комбиња.

Двете тешко повредени лица се пренесени на реанимација во Клиничкиот центар во Ниш. Повредени од кои еден е турски државјанин не се во животна опасност.

Во сударот учествуваа камион со турски регистарски таблици и две комбиња со регистрации од Лесковац. Едното возило е целосно смачкано.
Несреќата се случила кога камионот кој доаѓал од правец Пирот удрил во патничко возило во лентата за застанување во правец кон Белград.

Увидот е објавен а полицијата ги истражува причините за несреќата.

 

Полицијата истакна дека е потребно да утврди зошто камионот налетал на двете комбиња. Според неофицијални информации комбињата стоеле во лентата за застанување поради преоптовареност. При судирот камионот се превртел и го притиснал и комбето и луѓето во него.

 

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега