Хендикеп за Македонија - со Чешка без Мојсовски

Откако го пропушти дуелот против Швајцарија, Наумче Мојсовски нема да настапи ниту на последниот квалификациски натпревар против Чешка.

Македонскиот репрезентативец се уште има административни проблеми, односно се уште не го добил потребниот документ за излез од Катар.

-Ова веќе станува навистина фрустрирачко. Секојдневно разговараме, за да ми кажат дека визата ќе ја добијам конечно денеска, но истата нема да биде потпишана бидејќи првиот човек на клубот, кој треба да стави потпис, бил на службено патување и дури утре ќе се врати во државата. Бидејќи в петок и сабота овде ништо бирократско не функционира, јас дури на 14 јуни ќе имам чисти документи за да можам да си заминам, што значи дека нема никакви шанси за да стигнам навреме да играм против Чешка. Многу сум разочаран, но не ми останува ништо друго освен да им посакам многу среќа на своите репрезентативни колеги, со желба да стигнат до победата и да обезбедат пласман на ЕП, вели Мојсовски за порталот „Екипа“.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега