Нострадамус: Ако Хрватска влезе во ЕУ ќе започне Трета Светска војна

Нострадамус на времето предвидел дека со влегувањето на Хрватска во Европската Унија ќе се предизвика почеток на Трета Светска Војна, пренесува српскиот портал Курир.

„Кога на Европа ќе има 28 ѕвезди и кога државата со грб околу вратот ќе дојде, ќе падне како Јерихо“, гласи цитатот, за кој никој пред 20 години не можел да претпостави што тој всушност значи. Денеска  на скорашниот влез на Хрватска во ЕУ, која ќе стане 28 членка на ЕУ, цитатот добива друга димензија, пишува српски Курир.

Оваа порака успеал да ја дешифрира Д-р Михаел Ратфорд кој во својата книга „Кодот на Нострадамус: Третата светска војна“ тврди дека влезот на Хрватска во ЕУ ќе предизвика нова војна.

Инаку, Нострадамус е тој кој го најави доаѓањето на Адолф Хитлер, француската револуција, смртта на Хенри Втори, лондонскиот пожар во 1066 година и многу други случувања.