Како да освоите 1000 долари за само 48 часа?

Како да се освојат 1000 долари за само 48 часа? Сите заинтересирани граѓани имаат можност да се пријават и да ја освојат наградата на многу едноставен начин.

Станува збор за првиот хакатон за климатските промени во Македонија на кој ќе можат да се предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата ‘Патувај Зелено’ -www.skopjegreenroute.mk

Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750 УСД, а за трето 500 УСД.

Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации - во склоп на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26ти јуни 2015.

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер. Пријавувањето трае до 23-ти јуни.

По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири, додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.

Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај Зелено 2.0.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк:http://hackathon.socialinnovation.mk

‘Патувај Зелено’, за прв пат беше пуштена во употреба во 2014 год,  и ги снабдува сите кои се во движење во Скопје со најпотребните информации за да ја испланираат најбрзата, најефтината и најзелената рутадо посакуваната дестинација, благодарејќи наGoogle Transit алатката. Апликацијата исто така нуди  корисни информации за автобуски постројки и места каде што можат да се изнајмат велосипеди.

Настанот е во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и ФИНКИ.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега