Ова дете ќе владее со светот: Двегодишно дете е најмладиот член на МЕНСА (ВИДЕО)
Двегодишниот Адам Кирби стана најмлад член на британската Менса, откако резултатите од тестот за интелегенција покажаа дека е попаметен од Барак Обама и Дејвид Камерон.
Двегодишниот Адам од Мичам, јужно од Лондон, обожува да ги чита делата на Шекспир, учи јапонски, шпански и француски, а на тестот за интелегенција „Бине-Симоновата скала“ освоил 141 поен, десет повеќе од двајцата светски лидери, а му недостигале само четири поени за да биде ставен во категоријата на гениј, иако се уште не знае да се изразува со целосни реченици.
Адам може да спелува 100 зборови, делумно ја совладал таблицата за множење, го научил периодниот систем на елементи и дури составил сложувалка, со слика на мапата на светот, наменета за возрасни.