Бебе почина од хеморагичната треска во Косово
Вчера во Клиничкиот болнички центар во Косово, регистрирана е шестата жртва од хеморагична треска.
Се работи за бебе старо една недела кое било заразено, додека мајката сеуште е во критична состојба.
- За жал, почина бебе старо само една недела кое беше инфицирано од хеморагична треска. Неговата мајка, исто така инфицирана, сеуште е во тешка здравствена состојба, изјави Ахмети.
На 24 јуни беше регистрирана петтата жртва од хеморагична треска. Тоа беше 40-годишно лице од село Крељане, Општина Ѓаковица.