И денеска може да се аплицира за електронска здравствена картичка

И денеска ќе можат да се доставуваат барањата за издавање електронска здравствена картичка.

Во Скопје, барање за издавање на ЕЗК осигурениците ќе може да достават во Подрачната служба Скопје, во период од 07:30 до 19:00. Во сите шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир и во дополнителните четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто осигурениците ќе може да достават барања од 7:30 до 15:30 часот каде ќе има одговорни лица од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на ЕЗК. 

- Со ова тимот на ФЗОМ сака да им овозможи на сите осигурениците кои нема да можат да ги достават барањата денес, да го направат тоа и во сабота, 29 јуни 2013 година, со цел да се запази предвидената законска регулатива која предвидува сите осигуреници да имаат поднесено барање за издавање на ЕЗК заклучно со 30 јуни 2013 година, се вели во соопштението од ФЗОМ. 

 Сите подрачни служби на Фондот низ државата ќе работат во период од 07:30 до 19 часот.

ФОТО: Превентус

најчитано сега