Ново „отровно писмо“ пронајдено во Вашингтон

 

Писмо на кое има можни траги од смртоносниот отров рицин, денеска е пронајдено во американска воздухопловна база крај Вашингтон.

Денеска е ослободен Пол Кевин, човекот кој е  обвинет дека испраќал отровни писма до американскиот претседател Барак Обама.

-Денеска имавме уште еден инцидент. Како што ми е кажано писмото е откриено во  базата „Болинг“ и станува збор за истата супстанца,  изјави сенаторот Хари Рајд. 

-Првите тестови укажуваат на можно постоење на биолошки отрови, се наведува во соопштението во кое не се прецизира за каков вид отров станува збор. 

 

најчитано сега