Героски го третира лидерот на СДСМ за недоветен
Главниот опозициски стратег Бранко Героски, уредник на порталот Плусинфо и весникот Слободен печат го третира претседателот на СДСМ Зоран Заев за недоветен во разговорите кои се во тек во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан, каде се преговараа за излез од политичката криза.
Имено, Героски денеска излезе со крајно понижувачка колумна кон опозицискиот лидер Зоран Заев. Соросовиот перјаник во колумната како почетник политичар го советува првиот човек на опозицијата и дополнително мудрува за политичките потези кои треба да ги превземе Заев, пишува Курир.
-Со тоа, нашиот преговарач Заев (велам наш, бидејќи тој во Брисел преговара и во наше име, во име на Граѓаните за Македонија), покажа дека знае за најважниот совет што може да му се даде на еден преговарач пред почетокот на преговорите – никогаш не преговарај со самиот себеси пред да седнеш на преговарачката маса, пишува Героски.
За првиот чекор Героски го оправда и пофали Заев, па за следниот како да го потчукнува по тил и го прекорува да не згреши.
-Сега, откако го совлада тој важен чекор, Заев треба да се сети, или некој треба да го потсети, на вториот важен совет, кој всушност одлучувачки определува кој ќе биде победникот во Брисел – во преговорите најчесто победува тој што најдолго молчи. Затоа, друже Заев, ако си сега во салата за преговори, откако веќе ја соопшти својата и наша позиција, пред да кажеш било што, број до 10. Број полека..., пишува Героски.
Со ова практично уште еднаш се потврдува дека со СДСМ место Заев управува тесната клика на СОРОС која се води од лични интереси. Па така, Героски како учениче го кара Заев за лошите потези, а го советува каква политика да води.
Третирајќи го Заев за недоветен, Героски во последната колумна практично го советува лидерот на СДСМ преговорите да пропаднат и му дава лажна надеж дека ќе продолжеле за 10 дена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа