Загина 24 годишна девојка во Струга
24 годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа која вечерва околу 21 часот се случила кај „Здружението на возачи“ во Струга. Како што дознава Press24 од полициски извори, во сообраќајката загинала Елвира С. која како пешак се движела по патот откако на неа со возиломарка Фиат Пунто налетал 27 годишниот Омер С. од струшко Лабуништа. Девојката починала на лице место. Полицијата за Press24 ја потврди оваа информиација. Од таму велат дека нивна екипа веднаш излегла на терен и дека увидот се уште е во тек