Аврамопулос во Америка: Атина сака решение за името но Македонија не напредува

 

Атина сака решение за името, но за жал недостасува напредок во имплементацијата на реформите во Македонија, истакнал шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос на вчерашната средба со американскиот државен секретар Џон Кери во Брисел.

Оваа информација ја објави весникот „Та Неа“ повикувајќи се на свои дипломатски извори.

Според „Ризоспастис“ пак, на средбата е разговарано и за прашањето за името, врз основа на новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

Сеуште нема официјални информации за средбата на двајцата шефови на дипломатии.

ФОТО: Дневник

најчитано сега