ВИДЕО: Неуспешен тест на експерименталниот падобран на НАСА за меко спуштање на Марс

 

Тестот на гигантскиот падобран на Американската вселенска агенција  (НАСА), наменет за меко спуштање на вселенските бродови на Марс, вчера заврши без успех на  Хавајските острови, пренесува БТА.

Падобранот, закачен на капсула со форма на летечка чинија што неправилно леташе со брзина поголема на звукот, целосно не се отвори во вториот од вкупно трите планирани теста.

Првиот тест на „надзвучниот падобран", што беше изведен на 28 јуни минатата година пропадна поради негово кршење, а третиот е планиран за 2016 година.

Тестовите се одржуваат во рамки на програмата за испраќање пилотирани вселенски бродови на Марс, разработена од НАСА.

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега