Најмалку 17 загинати при несреќа на камион со ученици во Перу

 

Најмалку 17 лица загинаа, а 54 други се повредени денеска кога камион што превезувал ученици и нивни родители и наставници излетал во амбис длабок сто метри во централниот дел на Перу. 

Перуанската полиција соопшти дека меѓу загинатите и повредните има голем број деца.

Учениците заедно со нивните родители и наставници со каминот се враќале во родното место од една прослава во административниот центар на округот Уануко,

Возачот на камионот ја преживеал несреќата и веднаш е одведен на распит во полиција.  

Катастрофалните сообраќајни несреќи се честа појава во Перу. Само во првата половина на минатата година при сообраќајни несреќи загинаа околу 1.400 Перуанци.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега