ВИДЕО: Девојче се самоуби откако татко и ја посрамоти на Јутјуб

 

Тринаесетгодишната Изабел Лаксамана од Вашингтон скокнала од мост на 29 мај, неколку дена по објавувањето на снимката на која татко и и ја исекол косата бидејќи не го слушала.

Полицијата изјави дека таткото на девочето, Џеф, најверојатно нема да сноси одговорност за смртта на ќерка му, бидејќи таа донела погрешен избор.

На снимката се слуша машки глас како му зборува на детето:

- Ова е последица на твоите постапки, мораш да ја изгубиш оваа прекрасна коса. Дали вредеше?

Девојчето одговара „не“, а потоа таткото ја прашува: „Колку пати те предупредив?“

Таа одговара: „Многу пати“.

Меѓутоа, сеуште не е откриено зошто Изабел била во невоља.

На Фејсбик е отворена група во која луѓето бараа таткото Џеф кривично да одговара за смртта на својата ќерка.

 

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега