Ексклузивно: Убијци, крадци, разбојници - кој планираше да ја нападне Македонија од Диво Насеље?

104 кривични дела се впишуваат во досието на 21 лице од вкупно 34те уапсени во акцијата во Диво Насеље. Пресс24 дојде до деталите од нивната биографија запишана во оперативните евиденции на макеоднското и косовоското МВР.

Лицето Анди Красниќи се бара за 8 дела сторени во Косово и 3 во Макеоднија.  Од нив дури 2 се убиства а сторил и по едно грабнување, киднапирање, напшаднал службено лице, тргувал со дрога и оружје и се заканувал.

Ардијан Бујари се барал за 4 дела сторени во Косово. Им помагал на лица лишени од слобода да избегаат од затвор, извршил напад, нанел лесна телесна повреда и го нарушил јавниот ред и мир.

Арсим Бајрами сторил самое дно дело во Макеоднија. Се баралз а злоупотреба на службената положба.

Бајра Бег пак сторил дело „закана“ во Косово.

Бесник Ајдини во Макеоднија бил осомничен за тешка кражба.

Ваљдет Зекај бил баран за неверојатни 22 кривични дела регистрирани од косовската полиција. Од нив дури две се убиства, три телесни повреди, разбојништво, фалсификување документи, напади, нарушувања на јавниот ред и мир.

И Генц Сефа не бил со скромно досие. На Косово сторил осум кривични дела. Бил пријавуван за домашно насилство, закани, напади и недозволено поседување на оружје.

Деме Шеху сторил 5 кривични дела од кои 3 на косово и 2 во макеоднија. Се барал за закани, изнуди, киднапирање, нелегално псоедување оружје, противправно лишување од слобода.

Ландрит Рустемај се барал за 4 дела на Косово. Се заканувал, нанел лесна телесна повреда и нелегално псоедувал оружје.

Љирим Дмеири сторил 3 дела во земјава. Во доието мус е впишани разбојништво и две тешки кражби.

Мирсад Ндрецај кој важеше за еден од организаторите ан групата се барал за 3 дела во Косово- закана, лесна телесна повреда и напад.

Насуф Бекири се барал за две дела во макеоднија-= одземање на моторно возило и разбојништво.

Неџбедин Љика имал само едно но крајнос ериозно дело во Макеоднија. Се баралз а извршено убиство.

Руфки Догани исто така и бил познат на макеоднската полиција со две кривични дела за домашно насилство.

Сами Ушкини сторил две дела на Косово./ Впишани мус е една изнуда и една лесна телесна повреда.

Севдаиљ Мифтари покрај трите дела стопрени во макеоднија сторил и 3 кривични дела во Австрија. Три тешки кражби, една разбојничка кражба, една кражба и сериозни закани.

Сулејман Осман се барал во македонија за делото недоволено псоедување на оружје.

Ќенан Исени имал едно дело во евиденцијата на макеоднската полиција. Требало да одговара за фалсификување на пари.

Фадиљ Елшани се барал за две дела на Косово- напад и нарушување на јавниот ред и мир.

Фатмир Решица сторил дури 6 дела во Косово. Напад, напад спо тешки последици, нарушување на јавниот ред и мир, продажба на дрога и попречување на правдата.

Шефкет Калачи бил меѓу првенците со сторени 18 дела на Косово. Меѓу нив и едно убиство, и речиси сите дела од кривичниот законик- од посредувсање при проституција до напад со тешки последици.

 

Од 104 дела, 14 се за напад, 8 за недозволено поседување оружје, 6 нарушувања на јавниот ред и мир, 6 лесни повреди, 6 тешки кражби, 6 закани и 6 убиства. 

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега