Спасов: Исплатата на К-15 во приватниот сектор не е во надлежност на Владата

 

Владата на Република Македонија не е надлежна за исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 во приватниот сектор, оцени министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. 

- Регресот за годишен одмор во приватниот сектор не е утврден со измена на закон, ниту пак Владата на Република Македонија направила измена на закон со цел да се овозможи исплата на К-15. Станува збор за право кое се дефинира со Колективен договор, во овој случај со Општиот колективен договор во приватниот сектор што го потпишуваат работодавачите и синдикатите, појасни Спасов.

Тој потенцира дека Владата не учествува во процесот на колективно договарање.

- Секое дефинирање на ваквото право зависи од согласноста помеѓу репрезентативните организации на работодавачи од една страна и репрезентативните синдикални организации од друга страна, рече Спасов

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега