Екстерното тестирање се реализираше во 228 училишта

Согласно со распоредите објавени на prasanjaeksterno.dic.edu.mk, денеска во 9.30 часот почна екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 43.909 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, соопштија Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.

МОН наведува дека според досегашните информации процесот е целосно заокружен во 228 основни и средни училишта.

 - Процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на вкупно 183.280 ученици и проверка на објективноста на оценувањето на 17.803 наставници по 7.560 предмети, започна на 2 јуни и ќе трае заклучно со 10 јуни. Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што предност ќе имаат учениците од деветто одделение поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, соопшти МОН.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега