Голем интерес во кампот на Чуварите на демократијата за промоцијата на романот на Кукулев

Промоцијата на романот Патувањето на Петар Келемен на новинарот Александар Сашко Кукулев, предизвика голем интерес во кампот на Чуварите на демократијата.

Промоторот на романот Мр. Трајче Чатмов во своето воведно излагање спомена дека се работи за исклучително возбудливо четиво кое фрла нова светлина врз настаните во Марсеј 1934 година.

Со префинет стил на искусен раскажувач, авторот успева да ги долови најсуптилните моменти од трагичните животи на главните ликови, кои иако се движат по различни идеолошки патишта, успеваат да се сплотат во својата сопствена несреќа, шокирајќи го континентот кој и онака веќе беше во длабока подготовка на новата војна.

Во интерактивниот контакт со многубројните присутни во Кампот на чуварите на демократијата авторот одговараше на многубројните прашања поврзани со политичките прилики во Кралството СХС во триесетите години од дваесетиот век, низата контраверзи околу вистинскиот идентитет на Јозеф Амброз, кој јавноста го познава како Тито водачот на југословенските партизани, улогата на мистериозната русокоса ( Марија Вударчек, Тереза Штанцер или Стана Година )чиј идентитет до денес останува непознат, која заедно со нејзиниот придружник “Петар” во Марсеј им го доставуваат оружјето на атентаторите.

За мистеријата околу рволверот Маузер со кој е извршен атентатот, за кој се знае дека во својот спремник(шаржер) може да собере 12 куршуми, а бројот на загинатите и ранетите при атентатот изнесува повеќе од 24 лица, за апсењето на групата,како и за трагичната судбина на атентаторите Мијо Краљ,Владо Черноземски,Иван Рајиќ,Звонимир Поспишил како и нивните наредбодавци Дидо Кватерник, Ванчо Михајлов и Анте Павелиќ водачот на усташкото движење во Хрватска.

Романот Патувањето на Петар Келемен, е приказна која ве држи во напнатост до последната страница и се чита во еден здив. Со оглед на тоа што авторот на романот, новинарот Александар Сашко Кукулев во својот работен век беше дел од екипата која ја реализираше потрагата по посмртните останки на првиот Престседател на Президиумот на АСНОМ велешкиот учител Панко Брашнаров,кој трагично го заврши својот живот на злогласниот Голи оток, присутните може изворно да слушнат за функционирањето на ова перпетум мобиле на злото, како што Александар Кукулев го нарече системот на убивање на духот на кој биле изложени 804 македонци , испратени на присилна работа на овој остров ,од страна на тогашната УДБА.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 12:58
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега