Две жени случајно дознале дека имаат рак на дојка преку бесплатниот скрининг на МЗ

Две педесетгодишни жени случајно дознале дека имаат рак на дојка. Опасната болест им била откриена преку бесплатниот мамографски скрининг што го спроведува Министерството за здравство. Веќе се наоѓаат на Торакална хирургија каде ќе им бидат направени хируршки интервенции. Дијагнозата им е поставена во рана фаза, кога според лекарите шансите за излекување се големи. Од 7 април досега, кај  1900 нивни врснички била направена  бесплатна мамографија. Уште неколкумина со сомнителни промени се препратени да ги направат неопходните дијагностички испитувања, објави порталот Здравство24.

 

-Сакам да истакнам дека сите дополнителни испитувања кои се потребни ги закажува матичниот лекар во системот МојТермин. Матичните лекари имаат пристап до извештаите (резултатите) од извршениот мамографски скрининг и врз основа на тоа вршат упатување на жената до конкретната специјалност каде треба да се извршат дополнителни испитувања. За таа цел, до сите матични лекари се дистрибуирани упатства за начинот на упатување на пациентките на понатамошно испитување, врз основа на добиениот наод од мамографскиот скрининг, изјави Никола Тодоров министер за здравство

Првично со мамографски скрининг се опфатени жени на возраст од 50 години , кои согласно податоците од Мој термин, не направиле мамографска контрола во последните две години. До крајот на 2016 ќе се прошири возрасната група од 50-69 со што на скрининг ќе бидат поканети 250 000 жени.

-Мамографскиот скрининг е една од најзначајните мерки за рано откривање рак на дојка, а со тоа и заштита на здравјето на женската популација, имајќи предвид дека тоа е најчестото малигно заболување кај жените. Бројот на жени кои досега се јавиле на превентивниот скрининг се добар показател дека жените се грижат за своето здравје и го заштитуваат здравјето со превентивни прегледи од ваков тип, вели Тодоров

Во јули и август скринингот делумно ќе стагнира поради летните одмори. Истиот го прават лекари во 17 здравствени установи. Според најавите од надлежните, во тек е набавка на шест нови мамографи за Охрид, Кавадарци, Кочани, Штип, Прилеп и градската хируршка болница Свети Наум Охридски. Ќе бидат во функција до крајот на годината.

 

 

Оцени ја веста

07.06.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега