Поддршката расте - чуварите на демократијата добија поддршка од Кавадарци и Прилеп

Поддршката на Чуварите на демократијата кои кампуваат пред македонското собрание од ден на ден е се поголема. Од градови ширум цела Македонија до сега јасно и недвосмислено граѓаните ја искажаа поддршката и се вклучија во активностите во Кампот на чуварите на демократијата во Жена парк.

Истото го сторија и младите, но и постарите лица од Кавадарци и Прилеп. Тие во голем број дојдоа во Кампот на чуварите на демократијата и недвосмислено ја искажаа поддршката за камперите. Преку историјата и предавањето за Јустинијан Први и преку спортските активности денес кавадарчани се вклучија во дневните активности на кампот. Професори од Кавадарци денес имаа предавања за историјата на Македонија и историските настани кои се од големо значење за денешна независна Република Македонија.

Исто така преку иницијатива на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп, попладнево во кампот на чуварите на демократијата на посета беа и ветераните од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Тие имаа заедничка дружба, преку споделувања на искуствата на повозрасните, љубовта кон татковината и грижата кон неа. 

Тие исто така се вклучија и кон денешната агенда на Кампот на чуварите на демократијата кој беше во знакот на семејството и грижата на децата.

Активностите во Кампот продолжуваат и во вечерните часови.

 

 

Оцени ја веста

07.06.2015 - 10:06
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега