Младо момче настрада во страотна сообраќајка близу Битола

Вчера попладне околу 16 часот, на патот Битола - село Новаци се слуучила страотна сообраќајна несреќа, дознава Пресс24. Според информациите кои ги добивме, аавтобус управуван од 32 годишниот Александар Вренчоски се судрил со камион со струмички регистарски таблички.

Во несреќата, возачот на камионот, битолчанецот Александар Мицевски (23) заработил тешки телесни повреди. Момчето веднаш било пренесено во болница, но, за жал, вечерта им подлегнало на повредите.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

најчитано сега