Џафери на Конференција во Грузија: Вратите на НАТО и ЕУ треба да останат отворени

 

Денеска министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, во Грузија истакна дека НАТО и ЕУ имаат многу инвестирано во земјите од Западен Балкан, а сега е време да се соберат резултатите. 

На панелот насловен „Проширувањето на НАТО алијансата – трендови и перспективи за земјите аспиранти“,  Џафери го потенцираше големиот напредок во безбедноста и сеопфатниот развој на сите земји од Западен Балкан, процес реализиран преку регионалната соработка и спроведувањето на националните реформи, соопштија  денеска од Министерството за одбрана 

Говорејќи за современите безбедносни предизвици, министерот посочил дека, тие треба да се решаваат заеднички и решително, за што пример се колективните акции на НАТО во Југоисточна Европа кои донесоа мир, стабилност и просперитет на целиот регион, како и успешните операциите во Авганистан, Либија и Мали.   

Конференцијата има за цел да се промовира одбранбената дипломатија, транспарентност на одбранбениот и безбедносниот сектор, развој на приоди кон заедничка одбрана, како и подобрување на можностите за билатерална и мултиратерална соработка.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега