Ќе и ја покачат платата на кралицата Елизабета

Како да и се малку приходот од 36,1 милион фунти на британската кралица Елизабета, па во 2014 година истиот ќе и биде зголемен на 37,89 милиони фунти. Ваквото покачувањето доаѓа поради зголемувањето на профитите на Имотот на Круната од кој таа е платена. Нејзиниот имот во моментов е проценет на 8,1 билион фунти, откако беа објавени профитите од 252, 6 милиони фунти. 

Дел од профитот е  допринос за владините финансии.

„Иако се среќаваме со предизвици на маркетот, добро се снаоѓаме како бизнис со јасна визија со стратегија за инвестирање и прекрасни партнери,“ - изјавува Алисон Нимо, извршен директор на Crown Estate.

најчитано сега