Шокантно: Новинар барал изјава од мртов човек

 

Новинар, од Бразил, се обидел да земе изјава од мртов човек за да има ексклузива.

Новинарот бил на терен заедно со полицијата, кога таа трагала по крадци кои ограбиле супермаркет. Во еден момент дојде до размена на оган меѓу полицијата и крадците, при што еден од нив е ранет. 

Полицијата, за среќа, успеала да ги сопре, а за тоа време новинарот се вклучувал во живо во програмата.

Осомничените лежеле на земја со лицето на подот, а тој им пришол да земе изјави. Откако еден промумлал нешто, се затрчал кон другиот, кој претходно е ранет од полицијата. Му поставил прашање, но не добил одговор. Го допрел за рака за да добие одговор, но сфатил дека е мртов. 

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега