ВИДЕО: Летачки „Субари“ - ги прелета возилата и се заби во ѕид

Таман кога помисливме дека сопствениците на Субари, возилата се оние кои речиси никогаш не биле актери на некои инцидентни ситуации, се појавува снимка од вистински автомобилски лет, кој се случи во најголемиот град на Канада во Торонто.

Засега сеуште не е познато како всушност се случила оваа незгода, и што возачот направил, за да ја пробие оградата на паркингот и со цела брзина да се забие во ѕидот на лимарската работилница (каква иронија само). Иако помошта брзо стигна му требало доста време на возачот да се извлече па дури морале да го сечат и кровот на возилото. Според првичните информации возачот е тешко повреден и во моментов се опоравува од последиците на ударот во болница...

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега