ФОТО: Полицијата пресече меѓународен канал за шверц со дрога

Албанската полиција успешно ја финишираше акцијата „Патување 2“, разбивајќи група која шверцувала кокаин и марихуана, главно од Албанија во Грција, пренесува  МИА.

Во акцијата се уапсени десеттина членови на нарко групата, главно жители од околијата Корча, на возраст од 25 до 51 година, кои биле следени повеќе месеци.

Во акцијата се запленети два килограма кокаин, триесеттина килограми мархуана, пет автомобили, 17 мобилни телефони, 1.550 евра и 23.500 леки. Дел од дрогата била откриена во автомобил марка Бе-Ем-Ве, додека дел во домовите на двајца од уапсените.

Уапсените ќе одговараат пред Судот за тешки кривични дела под обвинение за меѓународна трговија со дрога.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега