ВИДЕО: Санчез спаси навивачка од полицијата

Фудбалерот на Арсенал Алексис Санчез се покажа како голем џентлмен по враќањето во својата татковина Чиле на кус одмор пред почетокот на Копа Америка.

Санчез излегуваше од аеродромот кога виде дека полицијата се обидува да спречи една навивачка да му се приближи, иако девојката сакаше само да се фотографира со него.

Чилеанецот веднаш реагираше и ја спаси навивачката од полоцијата, а потоа се разбира се фотографираше со неа.

Навивачката се обиде да го бакне Санчез, но полицијата ја спречи во нејзината намера.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега