Обвинителството бара повисока казна за монструмите од Скопје кои до смрт претепаа тригодишно дете

Основниот суд Скопје 1 – Скопје  во март годинава донесе пресуда со која на Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд им беше изречена казна затвор во траење од по 20 години за сторено кривично дело – убиство со умисла на малолетно лице, со соизвршителство, за смртта на малата Мевљана. Во исто време, до правосилноста на пресудата, по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје беа продолжени мерката Притвор на Џемаил Браими и мерките за претпазливост за обвинетата Јасмина Махмуд.

За потсетување, тие на смрт претепаа тригодишно девојче за кое тврдеа дека паднало по скали, но доказите во истражната постапка и Извештајот од обдукцијата потврдија дека станува збор за убиство во кое двајцата обвинети се соизвршители, односно учествувале заедно во делото и се обиделе да го прикријат, пишува Курир.

 

Кривично правниот настан согледан во целина со сите околности кон него, според надлежниот јавен обвинител,  заслужуваат преиспитување од страна на повисок суд.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега