Турција: Британски тинејџер бакнал Турчинка па го избоделе со нож

 

Еден британски тинејџер е тешко повреден во турското одморалиште Мармарис, откако непознати напаѓачи неколкупати го избоделе со нож, затоа што бакнал млада Турчинка.

Се работи за 17-годишниот Двеин Ворд кој е пронајден во еден парк, сосема гол. На неговото тело полицијата забележала десет рани од убод на нож во пределот од стомакот, градите, грбот и на грлото.

Во кусото соопштение на болницата се вели само дека неговата здравствена состојба е критична.

Момчето на летување дошло со својата мајка и братот, а во Мармарис бил само неколку дена.

Засега тој се бори за живот.

ФОТО: Комуникација

најчитано сега