„Катимерини“: Има ли Грција план Б ако паднат црвените линии за ерга омнес?
Денеска весникот Катимерини пишува дека тоа што ирското претседателство со ЕУ одлучи на последниот Совет за општи работи Македонија да не биде тема на разговор, е задоволувачки развој на настаните за Грција бидејќи како што пишува весникот ако на маса повторно беше препораката на Комисијата за почеток на пристапните преговори со Македонија, тогаш Грција повторно ќе блокираше и повторно ќе беше на „тапет“ на меѓународната јавност.
„Катимерини“ нагласува дека не треба да има илузии затоа што Европјаните што е можно побрзо ќе се обидат да го затворат ова прашање, ако не сега тогаш во декември или во јуни следната година.
- Познавачите тврдат дека наскоро ќе дојде „бура“ со неиздржлив притисок, па дури и уценувања и тие се плашат дека тврдината „ерга омнес„ може да се покаже како Мажино линијата за оклопната дивизија на Гудериан. Така, се поставува прашањето: дали Атина има план Б или ќе одлучи херојски да падне борејќи се за познатите црвени линии“, заклучува „Катимерини“.
ФОТО: Денешен